Сума:

ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА НАШАТА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛЧЕВО

Дестинација Делчево ви нуди ексклузивна можност да се запознаете со речиси сите културни настани кои се случуваат во Делчево. Овде се застапени културните настани кои се реализираат од страна на институциите, граѓанските организации, групи на граѓани и поединци од Делчево на годишно ниво во определен термин или временски интервал. Делчево од памтивек претставувала територија богата со културна традиција, која е карактеристична само за нашиот народ. На големиот број на културни настани кои традиционално секоја година се одржуваат во Делчево, се надоврзуваат и голем број на културни настани кои се организираат повремено без предзнакот традиционални. Преку ваквите настани и ден денес живее духот на нашиот народ, кој од век и веков опстојувал на овие простори, во секое село, во секој дол, на секоја планина и во градот Делчево (некогашното Царево село).

Големиот број на културно-историски знаменитости кои се надополнети со величествените природни убавини кои ги крие во себе нашата општина отсекогаш претставувале погодна почва за создавање на богатиот народен дух и традиција.

И сето тоа заедно овозможило развој на карактеристичен дух и карактер на нашиот народ кој за многу други е сосема специфичен и интересен. Многу значајни личности се родиле покрај реките во Делчевската котлина. Исто така многу значајни личности израснале по падините на делчевските планини. Луѓе поединци кои нешто значат во севкупниот општествен живот во Македонија но и пошироко во светот. Оваа интернет страница е нивна, но, и на сите Вас.... Затоа нурнете се во морето од волшепства кои ја красат Дестинација Делчево.

  ПРЕВЗЕМИ ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ "ДЕСТИНАЦИЈА ДЕЛЧЕВО"   

   НАША ГАЛЕРИЈА   

Одберете подолу од нашата листа на интересни информации и повелете во Делчево да го доживеете во неговото вистинско светло. Во никој случај нема да останете рамнодушни на она што можете да го видите. Со вистинските луѓе на вистинските места.

Наши пријатели

Go to top

Потребен ни е Вашиот like на нашата фејсбук страна.

За делчевските работи на twitter!